Skip to main content
Македонија

Родителите се сомневаат на лекарска грешка, а пријавен бил и инцидент во тетовската болница – Обвинителство нареди обдукција

22/09/2025  15:02

Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек почина по болничко лекување во Клиничката болница Тетово, соопштија од здравствената установа.

Девојчето било примено на Одделението за педијатрија во саботата, 20 септември нешто пред 21 часот, а починало во неделата, 21 септември.

Семејството на девојчето и жители на Челопек, преку социјалните мрежи бараат од надлежните органи, здравствените власти и правосудството да го испитаат секој аспект на овој случај, ако евентуално станува збор за небрижност од страна на лекарите.

Од Клиничката болница во Тетово преку соопштение велат дека биле преземени сите неопходно здравствени интервенции и дека лекарскиот персонал се однесувал крајно професионално веднаш откако било примено на одделението.

Јавен обвинител од ОЈО Тетово веднаш по настанот беше известен дека има инцидент со оштетување на имот на болницата.

Откако ја утврди причината за инцидентот, обвинителот веднаш уште вчера издаде усна, во утрово и писмена наредба за обдукција на телото на починатото девојче.