Skip to main content
Македонија

Родителите од Кочани: Ако во оваа држава нема правда, ние вистината ќе ја бараме во странство, пред меѓународните институции

31/05/2025  21:06

На денешниот протест во Кочани организиран од страна на семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката “Пулс” родителите обраќајќи се пред насобраниот народ, порачаа дека се соочуваат со институционален молк, неефикасни истраги и игнорирање на нивната болка.

„Никој не ни дава одговори. Ниедна институција не понесе одговорност. А ние ги изгубивме децата. Затоа велиме – ако во оваа држава нема правда, ние вистината ќе ја бараме во странство, пред меѓународните институции. Немаме друг избор,“ изјави еден од родителите, со треперлив глас и солзи во очите.