
Од Здружението на граѓани 16ти Март, повикуваат на 29-ти ,,Марш на ангелите”.
-На 19 ноември 2025 година започнува судскиот процес за трагедијата што засекогаш ги промени нашите животи.
Ние, родителите на загинатите деца, ќе бидеме таму – мирно, достоинствено и со вера во вистината, за да го следиме судењето и потсетиме дека секоја пресуда мора да се темели на вистината, а не на заборавот.
Во пресрет на почетокот на процесот,
Ве повикуваме сите граѓани на Македонија, на Кочани, сите што верувате во човечноста и правдата, да ни се придружите на:
8 НОЕМВРИ 2025 (САБОТА)
во 14:05 часот
од Паркот на револуцијата Кочани до Основен суд Кочани
Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство,
во име на оние што повеќе не можат да чекорат.
Овој марш не е протест,
туку мирен повик за правично судење, за да потсетиме дека зад секој „број“ стои име, живот, семејство и болка.
Нашата порака е едноставна, но длабока:
– За нашите деца.
– За вистинска правда.
– За Македонија со совест.
Да покажеме дека ова општество не молчи пред неправдата
и дека постои народ што не се откажува од вистината!!!, велат од Здружението.

