Skip to main content
Македонија

Родителите на протестот во Кочани обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

19/04/2025  16:42

Во Кочани денеска се одржа третиот протестен марш насловен како „Задоцнета реакција“.

MK Summit

Организатори на протестот беа семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ кои порачаа „Нашите деца беа убиени од алчноста – правдата мора да излезе на виделина“!

Родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

Маршот започна во Паркот на револуцијата и продолжи преку главните улици, минувајќи покрај Општината, Министерството за внатрешни работи, полицијата и Основниот суд.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март, при што загинаа 62 лица, а 193 беа повредени, од кои 25 деца.

Истрагата за трагедијата продолжува, а повеќе од 60 лица се под истрага.