
Еден од водечките светски артисти и продуценти и добитник на Греми наградата Роџер Санчез ќе има концерт во Кисела Вода. Овој настан е во рамки на Културното лето 2025 и роденден на општината. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски посочува дека ова ќе го одбележи денот кој ќе остане запаметен и за кој долго ќе се зборува

„Стартуваме на 26 јуни, со почеток од 20:30 часот, а сите детали околу случувањата и изведувачите кои ќе настапат за време на тридневното одбележување ќе бидат презентирани на прес-конференција. Подгответе се за ноќ исполнета со моќен хаус звук, енергија без граници, најдоброто ласер шоу и атмосфера која ќе се памети. 26 јуни, сала ,,Расадник”- 20:30 часот. Не го пропуштајте овој ексклузивен настап“, напиша Ѓорѓиевски.