Skip to main content
Свет

Роденденот на Трамп додаден на листата денови со бесплатен влез во националните паркови

07/12/2025  10:10

Националната служба за паркови на САД го вклучи 14 јуни роденденот на Доналд Трамп, кој се совпаѓа и со Денот на знамето како нов датум за бесплатен влез во националните паркови. Истовремено, од листата се отстранети Денот на Мартин Лутер Кинг Џуниор и Џунтинт, празникот што го одбележува крајот на ропството во САД.

Промените доаѓаат неколку недели по најавата на администрацијата на Трамп за зголемување на надоместоците за посетители кои не се американски државјани или постојани жители, пренесуваат американските медиуми. Претходната администрација на Џозеф Бајден ги имаше прогласено овие два празника за денови со бесплатен влез во националните паркови.