Skip to main content
Свет

Рјабков: Русија и САД разговараа за прашања што предизвикуваат тензии во билатералните односи

23/12/2025  12:40

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека руските и американските воделе разговори за решавање на прашањата што предизвикуваат тензии помеѓу двете земји, но оти главните проблеми остануваат нерешени.

– Се очекува следната рунда вакви контакти да се одржи на почетокот на пролетта, најави Рјабков.

Претставници на Русија и на САД разговараа за начините за решавање на голем број спорни прашања што влијаеле на работата на нивните амбасади. Разговорите се водат одделно од преговорите помеѓу Русија и САД за ставање крај на војната во Украина.