Skip to main content
Македонија

Ристески: Аман Димче, не плачи

15/05/2025  16:26

„Од причина што се појавија шпекулации за еден немил настан во Собранието предизвикан од хистеричниот и нервен лидер на Левица, Димче Апасиев, би сакал да појаснам дека наводите споменати во дел од медиумите не се точни и не е првпат хистеричниот лидер на Левица да глуми жртва и да провоцира конфликтност физичка или вербална, сакајќи на тој начин да привлече внимание, нам ни преостанува или да ги игнорираме неговите лудувања или да одговориме соодветно по принципот на среќна нова 49-та. Грешка е да му се одговори и да се падне на тоа негово ниво на однесување, посебно во светло на еднa неуротичност и шизофреност која е евидентна, кога се прави принципиелен коректен професор пред јавноста и зад камерите кога испливуваат неговите најмрачни страни“ пишува меѓудругото на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески по денешниот инцидент во Собранието со лидерот на Левица – Димитар Апасиев.

Ристески вели „Неговата кавга е по принципот навреди на безбедно растојание, па „мајка бежанија“, која му ја исполни денешната цел и смисла на постоењето, а тоа е да добие дел од медиумското внимание, нешто кое се заслужува со подвизи, проекти, идеи, визија, програми, принципи, а не со циркус каков што тој неретко приредува. Токму затоа и неговата партија е бетонирана на 4.5 проценти рејтинг, како одличен спаринг партнер на СДС и ДУИ, и токму затоа тој е драгоценост која мора да се негува и од тој аспект и кон него изразувам жалење за специфичната состојба во која овој лик се наоѓа и кој секој ден не пропушта да го руши угледот на институцијата“.

„Сепак, наша улога како пратеници е да имаме конструктивен придонес во креирањето на политики и закони кои ќе овозможат развој и напредок на нашиот народ и држава, а вакви немили настани не дефокусираат од таа суштинска цел. Аман Димче, не плачи. Доста е“ напиша Ристески