
По трагичното прерано заминување на ракометниот работник Александар Јовиќ, сочувство изрази и Ракометната федерација на Македонија.
„Почина Александар Јовиќ – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот.
Ракометната и спортската јавност, изгубија вреден спортски работник, Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Јовиќ“ се наведува во објавата на РФМ.