
Ракометната федерација на Македонија денес стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот меѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше оддобрено, соопшти РФМ.
„Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот помеѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше оддобрено. Натпреварот ќе започне со минута молк“, соопшти РФМ.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија во Копер е закажан за 18:30 часот.