Skip to main content
Спорт

РФМ на 1 март ќе го бира наследникот на Мукаетов

14/02/2025  17:32

На 1 март во 12 часот во просториите на Советот на Град Скопје ќе се одржи Изборно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

На ова собрание ќе биде познат наследникот на досегашниот прв човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов. Тој претходно најави дека нема да се кандидира за нов мандат, а тоа значи дека РФМ по долго време ќе добие нов претседател.

За време на собранието ќе се утврдуваат кандидатите за нов претседател на РФМ, а воедно за нив ќе има и кратко излагање.

Исто така ќе има и Избор на Управен одбор и Избор на Надзорна комисија на РФМ.