Skip to main content
Спорт

РФМ казнета од ЕХФ

20/02/2025  20:12

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја казни Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со 3.500 евра поради ненавремено исполнување на административните обврски во квалификациите за ЕП 2026 во машка конкуренција.

Македонската федерација не ги пријавила во пропишаниот рок термините и саатниците за домашните натпревари на репрезентацијата предводена од Кирил Лазаров против Словенија и Литванија.

„Ракометниот суд утврди дека недавањето на задолжителните информации е јасно и крајно сериозно прекршување на прописите на ЕХФ и на обврските кои произлегуваат од учеството во квалификациите“, се вели во соопштението.

Покрај РФМ, казна за ист прекршок доби и Хрватскиот ракометен сојуз.

Македонија ќе ја пречека Словенија на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:00 часот, додека последниот домашен натпревар против Литванија е закажан за 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.