
Граѓани на социјалните мрежи јано реагираат за лошото управување со ЈП „Лајка“ и третманот на бездомни кучиња.
Во неколку коментари се објавува дека заловени кучиња назад се пуштаат со зарази и во лоша состојба.
Особено се алармира на кучиња заразени со штенечак кои потоа на улица заразуваат и други кучиња.

Граѓаните и љубители на кучиња исто така се жалат дека има недоволна и нестручна здравствена заштита на бездомните кучиња кои се испуштаат од стационарот.

Со цел да се слушне и втората страна 24инфо.мк испрати прашање до ЈП „Лајка“ за тоа Кој врши ветеринарни интервенции и дали тие се вршат исклучиво од лиценцирани доктори?
Колку ветеринари реално работат и дали се доволни за град со илјадници бездомни животни? Дали, како што се тврди во одделни коментари, се дозволува техничари да оперираат иако законски не смеат и на крајот колкав е бројот на угинати и евтаназирани кучиња?
Очекуваме одговори по што истите во целост ќе бидат објавени.