Skip to main content
Култура

Ревитализација на мелографски материјал од Трпко Бицевски

16/02/2025  15:28

Во соработка со проф д-р Драган Даутовски и насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во следните денови ќе се одржи ревитализација на мелографски материјал од Трпко Бицевски

Настанот ќе се одржи во Концертната сала на ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”-Скопје со следниот распоред:

1 Ден – 17 Февруари – Понеделник
9:00-10:30 часот

  1. Мотивационен говор на проф. Драган Даутовски, поврзан со значењето на изучувањето на традиционалната музика и улогата која при тоа ја имаат учениците како чувари на традиционалното музичко-игроорно културно наследство.
  2. Метро-ритмичките структури во во мелограмите на Трпко Бицевски низ визурата на Драган Даутовски.

2 Ден – 19 Февруари – Среда
9:00-10:30

  1. Естетика на изведбата, предавање и видео презентација на архивски материјали од пејачките групи Воденки-Мегленки, Бапчорки и Костурчанки, на постоветени записи со Трпко Бицевски

3 Ден – 24 Февруари – Понеделник
9:00-10:30

Дополнително ќе биде објавен датумот на концертот.

  1. Обработка на концертен материјал предвиден за Концертот

4-6 Ден
Концертен материјал предвиден за Концертот

Дополнително ќе биде објавен датумот на концертот.