
Членот на здружението „Еко Фазан“, Лутфи Османи, сними редок момент од балканскиот рис во Кичево.
На фотографија објавена на социјалните мрежи се гледа балканскиот рис, кој е редок во земјата.
„Магична средба со балканскиот рис меѓу боите на есента. Снимено од Лутфи Османи, член на здружението „Еко Фазан“. Присуството на овој редок предатор го докажува природното богатство и дисциплината на нашето здружение“, се вели во соопштението на здружението „Еко Фазан“, кое ја објави фотографијата.
Здружението на нивната фејсбук страна објави и видео од рисот и истото можете да го погледнете со клик ТУКА.

