
На Балканот, вклучувајќи ја и нашата Република Македонија во тек е најмоќниот поларен бран оваа зима и истиот се спушта директно од Русија кон нашите краишта, и истиот ќе продолжи до самиот крај од оваа недела, и ќе условува екстремно ниски температури на воздухот кои во делови од Балканот ќе се спуштаат до околу, па и под -20 степени.
Инаку утринава во близина на Бања Лука (БИХ) е измерена рекордно ниска температура оваа зима, и тоа дури -28 степени.
Во нашата Македонија исто така и понатаму ни следуваат поларни ноќи со температури кои на многу места ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени, во делови од Македонија и до околу -15 степени, а во повисоките населени места, планини и на Скијачките центри тие локално ќе се спуштаат дури и под -15 степени, односно до околу -20 степени.