Skip to main content
Спорт

Рекет на Надал продаден на аукција за рекордни 157.300 долари

10/06/2025  12:23

Рекет на тенисерот Рафаел Надал е продаден на аукцијата организирана од компанијата „Prestige Memorabilia“ за рекордни 157.300 долари, објави „ESPN“.

Со овој рекет Шпанецот играше во финалето на Ролан Гарос во 2017 година, каде во три сета го победи Швајцарецот Стен Вавринка и по 10. пат во кариерата го освои турнирот.

Цената е највисока во историјата на продажба на тениски рекети на аукција.

Претходниот рекорд му припаѓаше и на рекетот на Надал од финалниот меч на Австралија опен во 2022 година против Русинот Даниил Медведев (2:6, 6:7 (5:7), 6:4, 6:4, 7:5). Во 2023 година беше продаден на аукција „Sotheby’s“ за 139.700 долари.