
Реката Вардар во Гостивар попладнево имаше чудна непрепознатлива боја. Граѓаните алармираа за оваа загрижувачка состојба.
И од Општина Гостивар информираа дека утрово, загрижени граѓани доставиле фотографски материјали кои укажуваат на загадување на реката Вардар. Испратените се инспектори на терен за да се утврди ситуацијата и да се провери дали нарушувањето на водите во реката Вардар е предизивикано поради човечка активност или природен феномен.


