Skip to main content
Македонија

Реџепи свика седница на Комисијата за надзор на АНБ за 10 септември

05/09/2025  16:36

Четвртата седница на Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) е закажана за 10 септември 2025 година во 11:00 часот во Сала 6 на Собранието на Република Северна Македонија, соопшти претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи.

На дневниот ред е предлогот за вршење на надзор директно во просториите на АНБ, што ќе овозможи пратениците да се запознаат со активностите и работењето на агенцијата.

Членовите на Комисијата се задолжени да присуствуваат, а во случај на спреченост, да навреме го известат претседателот и да назначат заменик.