
Ред Бул во непреознатлии бои ќе настапи на трката за Големата награда на Јапонијa, на патеката во Сузука.
Инспириран од соработката со Хонда и претставен како ретроспектива на некогашниот препознатлив бел автомобил на јапонскиот автомобилски гигант, овој специјален автомобил на Ред Бул ќе се вози следниот викенд на култната патека Сузука.
Пред да се упатат кон далечната префектура Мие, љубителите на Формула 1 ќе имаат можност да уживаат во неколку кругови кои Макс Ферстапен и локалниот херој Јуки Цунода ќе ги возат низ центарот на јапонската престолнина Токио.

Големата награда на Јапонија како трета трка од шампионатот се вози следниот викенд, а пилотите на Ред Бул пристигнуваат во Земјата на изгрејсонцето со различни резултати во првите два настапи од сезоната, Ферстапен на второто место со 36, Цунода на 13. место со три бода.
Оваа 2025 година е последна во седумгодишната исклучително успешна соработка помеѓу Ред Бул и Хонда, по што австрискиот тим ќе си ја проба среќата со моторите на Форд.
Во периодот од 2019 година до минатата сезона, ова партнерство донесе четири индивидуални и три екипни светски шампионски титули, кои тешко ќе се повторат, па гостувањето во Јапонија е и совршена можност за двете страни да го прослават периодот на апсолутна доминација во „најбрзиот циркус“.