Skip to main content
Забава

Рецепт за вкусен појадок или вечера за гурмани: Потпржени сендвичи

13/02/2025  21:10

Овој рецепт одличен за доручек или вечера е спој од пржени лепчиња и сендвичи, а можете да ги подготвите мошне брзо и едноставно.

Потребни состојки: 1 леб, салама или друг сувомеснат производ, кашкавал, 5 јајца, прстофат сол и масло за пржење.

Начин на подготовка: Лебот се сече на тенки парчиња, како за сендвичи. Од лебот се прават сендвичи со по неколку парчиња салама и со кашкавал. Во длабок сад се матат јајцата со прстофат сол.

Се загрева маслото во нелепливо тавче за пржење. Секој сендвич се потопува во разматеното јајце и се пржи на средна температура додека лепчињата да добијат златно кафеава боја.