Skip to main content
Свет

Речиси 50 уапсени за време на пожарите во близина на Лос Анџелес

13/01/2025  22:25

Околу 50 лица се уапсени под обвинение за грабежи, попречување на гаснење пожари и вандализам за време на пожарите во предградијата на Лос Анџелес, Итон и Палисадес, а има и апсења поврзани со инцидентот со дронот, соопшти денеска полицијата во Лос Анџелес.

MK Summit

Полициската управа во Лос Анџелес изврши 14 апсења во градот, изјави помошник началникот Доминик Чои, пренесе Си-Ен-Ен.

„Три апсења беа за полициски час, едно за претставување пожарникар, едно за поседување алат за кражба, четири за кражба, едно за возење под дејство на алкохол, едно за вандализам и три за кражба во продавница“, рече тој.

Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес изврши 34 апсења, според шерифот Роберт Луна, вклучително и четири во пожарната област Палисадес во текот на ноќта.