Skip to main content
Македонија

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВЕЖБАТА ,,JUNCTION CITY 2025″

16/10/2025  15:14

Во период од 06 до 28 октомври 2025 година, на АП Криволак, се реализира вежбата ,,Junction City 2025″, во организација на 173-та воздухопловна бригада на Армијата на САД, а со поддршка од Армијата на Република Северна Македонија.

платено политичко рекламирање

Во текот на реализацијата на вежбата од страна на припадниците на Армијата се обезбедува логистичка поддршка како и користење на АП Криволак – најголемиот и најсовремениот армиски полигон во регионот, кој обезбедува услови за реализација на комплексни вежбовни активности во реални услови. Преку оваа заедничка активност се унапредува соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД, а со цел зајакнување на меѓусебната доверба, разбирање и интероперабилноста во рамките на Алијансата.

173-та воздухопловна бригада претставува контингентна сила за брз одговор на Армијата на САД во Европа, распоредена во Италија и Германија, подготвена да изврши распоредување и дејствување во краток рок на сојузничките операции. Преку вежбовните активности ќе се зајакне подготвеноста и огнената моќ на падобранските и артилериските единици преку повеќе видови на активности во реални услови и сценарија. Припадниците на 173-та воздухопловна бригада ги усовршуваат тактиките на координиран оган, интеграција на нови беспилотни системи и извршување на командно-контролни процедури во динамична и комплексна средина.

Вежбата ,,Junction City 2025″ придонесува за унапредување на оперативната готовност и заедничката обука на сојузничките сили со цел зголемување на стабилноста, безбедноста и соработката во регионот.