
Реал Мадрид планира да ги продолжи договорите со фудбалерот од средниот ред Лука Модриќ и одбранбениот играч Лукас Васкез, објави „АС“.

Според шпанскиот медиум, ова ќе се случи заради настапот на играчите на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи од 13 јуни до 15 јули. Актуелните договори на Модриќ и Васкез истекуваат на крајот на јуни.
Сепак, Реал Мадрид сè уште не донел конечна одлука за иднината на двајцата играчи по завршувањето на сезоната.
Се очекува 39-годишниот Модриќ да може да остане доколку се согласи на намалување на платата и времето за играње.