Skip to main content
Македонија

Разрешена Миликије Халими од СДСМ, директорка на „Аеродроми“

27/12/2024  12:50

Поранешната функционерка на СДСМ, е разрешена од функцијата директор на АД „Аеродроми“. За нов директор е назначен Игор Трајановски.

Миликије Халими беше поранешна градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а на крајот на октомври минатата година, беше назначена за нов извршен директор на државната компанија „Аеродроми на РСМ“. Таа ја преземе функцијата од Трајче Ангеловски.