Skip to main content
Македонија

Разговор Давкова – Радев: Македонија подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справување со поплавите

05/10/2025  08:46

Република Северна Македонија (РСМ) е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите.

Ова го соопштил претседателот Румен Радев по телефонскиот разговор со неговата колешка Гордана Силјановска, јавува БТА.

„ И се заблагодарувам на претседателката Гордана Силјановска за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за искажаната подготвеност на РСМ да обезбеди поддршка во справувањето со последиците од катастрофата “, напиша бугарскиот шеф на државата.

Обилните дождови и поплавите погодија голем број области во земјата, оставајќи дел од населението без електрична енергија и ограничувајќи го пристапот до погодените подрачја.