Skip to main content
Хроника

Разбојништво во Скопје – украдени 188.600 денари и мобилен телефон

21/11/2025  14:11

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Р.(25), Р.М.(49), Ш.М.(49) и В.Т.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 30.10.2025 во Скопје, пријавените со употреба на физичка сила и закана со пиштол од едно лице одзеле 188.600 денари и мобилен телефон.