
Денеска околу 16 часот и 30 минути со пиштол е ограбена филијала за брзи кредити во Градскиот трговски центар во Скопје, дознава Инфомакс.
Според нивните информации се работи за едно вооружено лице, кое по грабежот се дало во бегство.
Од МВР ја потврдија информацијата, меѓутоа повеќе детали најавија во текот на денот.