
Чешката полиција разби криминална група која шверцувала кокаин од Берлин во Прага, сокриен во торти. Во акцијата се приведени седум странски и еден чешки државјанин.
Според информациите, на овој начин биле пренесени повеќе од 30 килограми кокаин, при што секоја торта содржела по еден килограм дрога. Пратките биле транспортирани со автобус.
Полицијата засега не ја соопшти националноста на странските осомничени.

