Skip to main content
Економија

Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава

30/06/2025  15:04

Индустриското производство во мај 2025 година е зголемено за 9.4 проценти во однос на мај 2024 година. Секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 18.8 проценти, секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9.0 отсто, а секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 11.8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на: прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, хартија и производи од хартија, хемикалии и хемиски производи, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производи од гума и производи од пластични маси, електрична опрема, машини и уреди, на мебел и моторни возила, приколки и полуприколки. 

Според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај 
2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 %, Капитални производи за 13.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 %,  додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.0 %.

Најголем раст има во производство на електрична опрема од 31.2 отсто, потоа производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 21.8 и производство на машини и уреди од 18.4 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 103.3.