Skip to main content
Економија

Раст на извозот и увозот во првите 11 месеци од 2025 година

09/01/2026  18:14

Извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот јануари – ноември 2025 година достигнал вредност од 7 395.6 милиони евра, што претставува зголемување од 2.5 проценти во однос на истиот период лани. Во исто време, увозот изнесувал 10 509.9 милиони евра и е зголемен за 3.8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Податоците за структурата на извозот покажуваат дека најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали и нивни соединенија, сетовите на проводници за палење за возила, авиони и бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1, како и други катализатори на носачи.

Кај увозот доминираат нафтените масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивните легури, платината и легурите на платина, како и моторните возила за превоз на патници. Во анализираниот период, најголем дел од надворешнотрговската размена е остварен со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои заедно учествуваат со 47.7 проценти од вкупниот обем. Трговијата со земјите членки на Европската Унија сочинува 59.3 проценти од вкупната размена.