Skip to main content
Свет

Раселените Палестинци почнаа да се враќаат во северниот дел на Појасот Газа

27/01/2025  11:53

Илјадници раселени Палестинци утринава почнаа да се враќаат во северниот дел на Појасот Газа, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи на Хамас.

„Раселените Палестинци почнаа да минуваат низ западниот дел на контролниот пункт Нецарим кон градот Газа и северниот дел на Појасот Газа“, изјави за AFP неименуван палестински функционер.

Голем број Палестинци се собраа за време на викендот чекајќи да поминат низ седумкилометарскиот контролен пункт контролиран од Израел, кој го отсекува северниот дел на Појасот Газа од преостанатата територија.

Израел ги спречи Палестинците да минуваат откога Хамас не ослободи заложник, а потоа беше постигнат договор.