Skip to main content
Хроника

Расчистено убиството во кривопаланечко каде момчиња го убиле соседот и го закопале во дворот

07/04/2025  15:10

СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,убиство’’.

На 24.03.2025 во с.Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет.

Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале. Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор.