Skip to main content
Хроника

Расчистени 11 кривични дела, поднесена кривична пријава против крадец од Кавадарци

30/04/2025  15:40


ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои девет кривични дела „тешка кражба”, по член 236 став 1 од Кривичниот законик и две кривични дела „кражба” по член 235 став 1 од Кривичниот законик.

MK Summit

Имено, во периодот од септември 2024 година до јануари 2025, О.В., најчесто со употреба на сила и подесен алат, од викенд куќи, семејни домови, верски објекти и продажен објект, на подрачје на Кавадарци и Росоман одзел различни предмети. Со извршување на делата тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 466.000 денари.

На 16.01.2025 О.В. е лишен од слобода, а по издадена наредба од Основен суд Кавадарци, при извршен претрес во домот каде престојувал, биле пронајдени и одземени предмети од извршените кривични дела.