
Раперот Стефан Ѓуриќ Раста, кој требаше да настапи синоќа пред светската ѕвезда Џејсон Деруло, бил уапсен во Охрид.
На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.