
Рано вечерва имаме значителна облачност во нашата Република Македонија. Повисоки температури до 17 часот се бележеа во западните предели од нашата Македонија, додека значително поладно е во источните и во североисточните предели, каде во следните часови ќе започнат врнежи со слаб до умерен, понекаде во овие предели и со умерен интензитет и ќе бидат претежно од снег, каде се очекува формирање на помала снежна покривка. Само во делови од градовите можна е појава на дожд или дожд и снег.
Ќе биде претежно тивко и без ветер.
На Метеоролошката карта можете да ги погледнете температурите измерени денес до 17 часот низ Македонија.