Албанскиот премиер Еди Рама апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, по налог на СПАК, го смета за кршење на демократските стандарди.
Во реакција за новинарската мрежа БИРН, Рама застана во одбрана на градоначалникот на Тирана, наведувајќи дека Ерион Велиај ќе остане на функцијата.
Рама го опишува неговото апсење како кршење на демократските стандарди и дека истражното досие наликува на обемен роман за ископувањата извршени во неговиот и во животот на неговата сопруга.
Посочил дека во досието на Велиај нема конкретно прашање за корупција.
-Не само што градоначалникот на Тирана нема да биде сменет од функцијата, туку неговото апсење создаде должност за нас да продолжиме да бидеме цврсти гаранти на правдата, промовирајќи што е можно поголема транспарентност за да се дојде до вистината. Значи, во основа се соочуваме со случај кој создава основано сомневање за истрага надвор од уставните колосеци и притвор во спротивност со демократските стандарди, изјавил Рама.
Според него, петгодишниот став на Социјалистичката партија и премиерот да не коментираат во ниту еден конкретен случај се сменило со вчерашното разрешување на градоначалникот на главниот град, да го затворат во ќелија без судски процес и да ја затворат неговата сопруга дома, мајка на шестгодишен син”.
Во првата реакција за апсењето на Велиај, Рама меѓу другото рече “Го одведоа од канцеларија и го затворија во ќелија без судење, го оставија градот без „глава“.
Медиумите објавија дека попладнево Рама во градското собрание остварил куса средба со петмината заменик- градоначалници на Тирана, но детали нема.