Skip to main content
Балкан

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

16/09/2025  18:48

„28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци, апсолутен рекорд. Остануваат уште 5 поглавја и сакаме да ги отвориме во текот на оваа година“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Албанија денес отвори уште четири поглавја од преговорите за членство во Европската Унија.

Рама објави фото албум од денешната меѓувладина конференција каде што беше отворено групното поглавје за „Зелената агенда и одржливиот развој“, како и од состаноците во Брисел, притоа опишувајќи го брзиот напредок на овој процес како апсолутен рекорд.

Тој исто така нагласи дека целта е да се отворат преостанатите пет поглавја во текот на оваа година.