
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер последниот дуел од европската Лига на шампионите против Париз Сен Жермен ќе го одигра вечер пред полни трибини. Влезниците се распродадени уште пред два дена.
Од клубот најавуваат спортска разделба од Лигата на шампионите и очекуваат спектакуларен натпревар меѓу репрезентативците и интернационалците во двете екипи.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер, голманот Митревски, капитенот Кузановски, но и Пешевски, Костевски, Атанасиевиќ, Борзаш, Тајник и останатите што го носат зелено-белиот дрес, очекуваат победа против францускиот ракометен гигант во кој меѓу другите настапуваат шведскиот голман Паличка, холанѓанецот Стеинс, норвежанецот Тонесен, полјакот Сипжак, капитенот Пранди, Лука Карабатиќ и други познати ракометни имиња во европскиот ракомет.
Средбата меѓу Еурофарм Пелистер и Париз Сен Жермен ќе се одигра вечер од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.