Skip to main content
Спорт

Радукану во солзи кога на трибините забележа маж што ја преплаши

19/02/2025  12:22

Ема Радукану (22), некогаш 10. а сега 61. на светот, претрпе стрес, а потоа и пораз од Каролина Мухова во 2. коло на ВТА турнирот во Дубаи, откако во првите редови на трибините виде маж кој ја исплаши.

Сензационалната шампионка на Ју-ес опен од 2021 година се вознемири и почна да плаче во близина на судиското столче, по завршувањето на третиот гем, откако забележа човек на трибините, кој набрзо во придружба на обезбедувањето беше изведен од тениската арена.

Радукану доживеала непријатно искуство во февруари 2022 година кога маж пешачел 37 километри за да стигне до нејзината куќа. Тој ги украл патиките на нејзиниот татко и сакал да ги задржи како сувенир. Тој доби петгодишна забрана да и се приближува на британската тенисерка.

ВТА реагираше со забрана на човекот од сите свои турнири, нагласувајќи дека безбедноста на тенисерките е приоритет. Мухова се пласираше во осминафиналето на турнирот со победа од 7:6(6), 6:4.