
Вчера во полицијата во Радовиш од страна на 44-годишна жена било пријавено дека била измамена од сограѓанин Б.М. за сума од 193.230 денари, откако претходно Б.М. од рент-а-кар компанија од радовишко изнајмил патничко возило во нејзина сопственост и без нејзино одобрение заминал во Германија.

„На 03.06.2025 во 13.00 часот во ОВР Радовиш, 44-годишна жена од радовишко пријави дека била измамена од Б.М. од Радовиш за сума од 193.230 денари. Според пријавеното, на 13.05.2024, Б.М. од рент а кар компанија од радовишко изнајмил патничко возило во нејзина сопственост и без нејзино одобрение заминал во Сојузна Република Германија, а за да ја држи во заблуда повремено праќал одредена сума на пари. Како што е пријавено, на 24.05.2025 тие повторно склучиле договор, но тој повторно не го испочитувал и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист за наведената сума“, се наведува во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.