
Поранешниот претседател на Бугарија, Румен Радев во интервју за германскиот весник „Берлинер цајтунг“ истакна дека според европскиот консензус од јули 2022 година, Македонија мора да го промени својот Устав и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите народи во Преамбулата и само тогаш може да започнат преговорите за членство во ЕУ.
– Ова е тежок, но неопходен процес и би сакале да ја видиме РСМ во ЕУ што е можно поскоро. Не сакаме граници и гранични контролни пунктови, туку сакаме луѓето од двете страни на границата да можат слободно да живеат, работат и комуницираат заедно.
Радев се чини е и против предлогот Украина да добие забрзано членство во ЕУ, процес од кој во момент во би профитирала Македонија и би ја заобиколила бугарската блокада. Избрзувањето ризикува да ги поткопа европските принципи, а Украина сè уште има многу работа за да ги исполни неопходните критериуми за членство во ЕУ, додава Радев во однос на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан и Украина.


