
На 08.01.2026 година околу 11:35 часот во ОВР Дебар било пријавено дека на пат кон болницата во Дебар починал С.К. (40) од Дебар.
Според пријавеното, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на ул. „Братство единство“ во Дебар, каде што работел. На пат кон болницата починал.
На местото излегле трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од ОВР Дебар.
