Skip to main content
Хроника

Работник од Радовишко е тешко повреден на работното место

27/05/2025  22:06

36-годишен работник од радовишкото село Прналија е тешко повреден на работното место во фирма во Радовиш, соопшти МВР.

„На 26.05.2025 во 10:15 часот во Полициската станица Радовиш, од Итната медицинска помош Радовиш било пријавено дека кај нив бил донесен Б.Ш.(36) од с.Прналија, радовишко, кој, според пријавеното, се здобил со повреди додека бил на своето работно место во фирма во Радовиш.

За настанот е известен трудов инспектор. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш“, пишува во полицискиот билтен.