
Неколку часови престана работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако група странски работници, најмногу од Непал, изразија незадоволство од условите на работа, пренесува „Индекс“.
Според синдикатот NSRH, работниците се жалеле на ниски плати, прекувремена работа и непријатни услови за работа. Во објектот се вработени околу 100 странци и приближно 70 домашни работници. Синдикатот истакна и дека седуммина непалски работници, кои се зачлениле во синдикатот, биле изложени на притисоци и закани за губење на работното место и престојниот статус. Штрајкот бил прекинат откако работниците добиле ветување дека во понеделник ќе се одржи средба со претставник од повисокото раководство.
