Skip to main content
Скопје

Работна недела во Општина Аеродром: Се уредуваат детски и спортски игралишта

11/05/2025  15:50

Општина Аеродром и денеска, недела, интензивно работи на уредување на нови детски и спортски игралишта на неколку локации во општината.

„Населбите Мичурин, Острово, Горно Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Ново Лисиче, паркот „Бановина”, се само дел од локациите, а наскоро започнуваме со изградба на неколку нови детски игралишта и паркови“, велат од Општината.

Целат на општинарите им е секое маало да добие современо, безбедно и креативно место за најмладите.