Skip to main content
Свет

Путин: Русија е непобедлива

24/02/2026  17:49

Рускиот претседател Владимир Путин, вели дека обидите за стратешки пораз на земјата се осудени на неуспех поради внатрешната кохезија и воениот капацитет на државата. Ова го истакна за време на средбата со дипломираните студенти на Високата школа за јавна администрација.

Путин потенцираше дека Русија поминува низ пресвртна точка во својата историја, но дека токму во вакви времиња се покажува вистинската сила на нацијата.

„Непријателот не е во можност да ја победи Русија, дури и да сака. Нашите противници не ги разбираат длабоките извори на нашата сила.Најважното нешто што го имаме е единството на нашиот народ. Тоа е оружјето против кое никој нема противлек.“ – вели Путин.