
Француското претседателство ја поздрави подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин да разговара со францускиот колега Емануел Макрон. Форматот на разговорот ќе биде утврден во наредните денови, соопшти Елисејската палата.
– Добредојдено е тоа што Кремљ јавно се согласи со овој пристап. Ќе одлучиме како е најдобро понатаму да се постапи, истакнаа од кабинетот на Макрон. Целта на дијалогот е „да се придонесе за солиден и траен мир за Украина и Европа“, со целосна транспарентност кон украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските партнери. Дипломатските напори, како што информира Зеленски, „се движат доста брзо“, а мировните преговори во Флорида продолжуваат конструктивно, велат од Кремљ.
