Skip to main content
Свет

Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година

09/06/2025  11:56

Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година, изјави денеска Николај Патрушев, помошник на рускиот претседател и претседател на Рускиот поморски колегиум.

– Конечната верзија на стратегијата беше поднесена на разгледување до шефот на државата, а тој ја одобри на 30 мај, рече Патрушев.

Шефот на рускиот Поморски одбор потсети дека одлуката за подготовка на стратегијата била донесена во јули 2024 година на состанок во Кремљ и оти, по налог на рускиот претседател, Министерството за одбрана го подготвило нејзиниот нацрт.