Skip to main content
Свет

Путин го разреши началникот на копнените сили на војската

15/05/2025  22:33

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши началникот на копнените сили на војската, генерал Олег Саљуков, според декрет објавен од Кремљ. Тоа е најновото разрешување на високопрофилна личност од рускиот воен естаблишмент во услови на офанзива врз Украина.

Саљуков, 70, сега ќе работи како заменик на поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој беше разрешен од функцијата лани и беше назначен за секретар на Советот за безбедност.